Почитувани
Ве известуваме дека не сме во можност во пропишаниот рок од 60 дена да ви ги рефундираме средствата уплатени на име на Агенцијата за филм, како еднократен износ за администрирање на вашиот проект пријавен на Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2024, прв и втор рок, кој беше поништен од страна на Управниот одбор со Одлука за поништување на Конкурс 02-1868/2 од 30.10/2024 година.
Причина за тоа е промената на раководството на Агенцијата за филм, односно именување на нова в.д. директорка од страна на Влада на РСМ и нејзино административно акредитирање за извршување на функцијата.
Рефундирањето ќе се спроведе за најкраток можен рок, во новата 2025 година, по започнување на работата на Трезор на РСМ, но не подоцна од 30 дена.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
Агенција за филм