Известување

04/30/2024

Согласно чл.25 од Законот за филмска дејност, за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм, Агенцијата во јануари во тековната година објавува конкурс кој трае во текот на целата година, а одлучува по доставените филмски проекти на конкурсот двапати годишно, во април и во октомври во тековната година.

Имајќи ја во предвид сложеноста на постапката, а согласно член 94 од Законот за општата управна постапка, каде е пропишано дека продолжувањето на рокот во првостепената постапка е допуштено за периодот што е потребен за да се заврши истата, во зависност од
сложеноста на предметот, Ве известуваме дека Агенцијата за филм го продолжува рокот за одлучување по Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм – прв рок на
одлучување за најмногу 30 дена.

Со почит, 

Агенција за филм на Р.С. Македонија

Share This