Согласно објавениот Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2024 година, Ве известуваме дека Агенцијата за филм на ден 02.02.2024 година направи исправка во дел I. од објавениот текст на конкурсот која гласи:
„Филмот во зависност од креативното и финансиското учеството на Република Северна Македонија може да биде:
– Филм чиј режисер и филмски продуцент се од Република Македонија и во кој учествуваат мнозинство автори, актери и други уметници и филмски работници од Република Македонија или филм кој во 80% е финансиран со средства од Република Македонија или филм произведен од еден или повеќе филмски продуценти од Република Македонија, со најмалку еден автор од Република Македонија и со претежен дел на филмски работници од Република Македонија
– “Kопродукциски филм” со малцински финансиски удел на Република Македонија“ не може да биде повеќе од 50%, но не помалку од 5% во вкупните трошоци зa производство на филмот и филм произведен во соработка со странски филмски продуценти во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција (ревидирана)
– „филм од посебен интерес за Република Македонија“ е филм кој ја афирмира историјата на Македонија“.
Исправката воедно ќе биде објавена и во дневните печати и ќе се побара да истата се направи и во редакцискиот текст на Законот за филмска дејност објавен во Службен весник на РСМ.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА РАЗБИРАЊЕТО!