Известување за поништување на Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2024 г.
Врз основа на член 21 став 1 алинеја 2, 3 и 9 од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19) и член 124 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15), Управниот одбор на Агенцијата за филм на седница одржана на 30.10.2024 година донесе Одлука за поништување на Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2024 г. објавен на ден 26.01.2024 г. Конкретниот Конкурс се поништува поради тоа што со поведувањето и спроведување на истиот се утврди дека постојат неправилности и незаконитости во дејствија.
Одлука за поништување на Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2024 г. објавен на ден 26.01.2024 г. PDF