КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2022 година

01/25/2022

Врз основа на член  25 став 2 од Законот за  филмска дејност („Сл. весник на Република Северна Македонија’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18и 275/19), Агенцијата за филм  на Република Северна Македонија објавува:

I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален  интерес во филмската дејност за:

– Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

Право на учество имаат правни лица регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија, непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации.

III ПРИОРИТЕТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ

Агенцијата за филм на Република  Северна Македонија финансира проекти кои:

  • Македонската кинематографија ја ставаат во интернационален контекст;
  • Имаат европски, односно меѓународен карактер;
  • Го промовираат интеркултурниот дијалог и развој на граѓанското општество;
  • Се засновани на стручно и професионално знаење;
  • Имаат висок квалитет и профилираност на основната дејност;
  • Имаат занчителна посетеност;
  • Се одржуваат континуирано и со традиција;
  • Имаат едукативен аспект/квалитет на публикациите

IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

Постапката за евалуација и одлучување на проектите, подетално е опишана во пријавата за учество на конкурсот објавен  на веб страната на Агенцијата за филм.

На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:

–              се доставени по истекот на  рокот за пријава на проекти по Конкурсот;

–              не се поднесени на пријава соодветна за овој Конкурс;

–              се непотполни и неуредно доставени

V. ВИСИНА НА УЧЕСТВО НА АГЕНЦИЈАТА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

Агенцијата за филм може да учествува во финансирањето на поднесените проекти согласно финансиските можности, а најмногудо 70% од вкупниот буџет на проектот.

VI. НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА

Корисниците се обврзуваат дека сите средства доделени од страна на Агенцијата ќе ги користат наменски, законски, рационално и економично согласно буџетот на проектот, од сметка за посебни намени т.н наменска сметка.

VII НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава која е составен дел од конкурсот. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк) да се пополни на македонски јазик, електронски со впишување на податоци на означеното место и да  се верификува.

Пријавата и документацијата по конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’.

Воедно пријавата и документацијата во прилог на пријавата воедно задолжително се доставуваат и во електронска форма на е-маил адресата: arhiva@filmagency.gov.mk

Краен рок за достава на пријави по конкурс е 25.02.2022 година.

VIII ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

Проектите прифатени  на конкурс ќе се објават и на веб страната на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

IX ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска  дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил:

contact@filmagency.gov.mk

Пријава може да ја превземете во следниве формати:  PDF

Share This