КОНКУРС „ РАБОТИЛНИЦА ЗА ФРАНЦУСКО-БАЛКАНСКИТЕ КОПРОДУКЦИИ“
Краен рок за аплицирање: 25 август 2024.
Отворен е Конкурс од страна на Националната агенција за кинематографија (CNC) и Францускиот институт во Париз наменет за сите режисери и продуценти кои имаат проект во изработка и би сакале да го реализираат со француска копродукција.
Работилницата ќе се одржи на 14 и 15 ноември во просториите на „CNC“, а одбраните кандидати ќе имаат можност лично да се запознаат со продуцентите и да им ги претстават своите проекти.
Апликацците се поднесуваат најдоцна до 25 август на: laetitia.kulyk@diplomatie.gouv.fr, а резултатите ќе бидат достапни од 9 септември 2024.