Сценаристичка работилница со Дејан Дуковски во Галичник

06/20/2024

Отворен е повикот за аплицирање на краткометражни сценарија на Галичник филм фестивал. Работилницата ќе се одржи во Галичник, од 1- 4 август 2024г.
Во текот на овие четири денови, во комбинација од групна и индивидуална работа, секој проект ќе биде разгледан, длабоко анализиран и развиен.
Не пропуштајте ја оваа единствена можност да научите од еден од најдобрите во индустријата. Придружете ни се во Галичник за незаборавно искуство кое ќе ви помогне дополнително да ги развиете вашите сценарија.
Кандидатите кои се заинтересирани за работилницата треба да испратат апликација вклучувајќи:

  1. Синопсис;
  2. Целосно сценарио;
  3. Кратка биографија.

Краен рок за аплицирање: 1 јули 2024 година.
Пријавите да се испратат на следниот меил: galichnikfilmfestival@gmail.com
Избраните учесници ќе бидат известени до 10 јули 2024 година.
За избраните учесници програмата е бесплатна. Фестивалот покрива сместување , оброци и патување од Скопје до Галичник и назад.
Работилницата е подржана од Агенцијата за филм.

Share This