BALKAN FILM FESTIVAL – Истражување на балканската кинематографија и култура преку активности и состаноци фокусираникон унапредување на италијанско-балканската и европската соработка

11/23/2022

The Association Occhio Blu Anna Cenerini Bova Presents

Истражување на балканската кинематографија и култура преку активности и состаноци фокусирани кон унапредување на италијанско-балканската и европската соработка

Рим, Casa del Cinema

29. ноември – 4. декември 2022 година

Отворање на настанот со Јасмила Жбаниќ

Работилница за млади продуценти

„Прозорец на младоста“ со Дина Дума, Норика Сефа и Антонио Ромањоли

Почит на големиот Тео Ангелопулос

Разговор со Роланд Сејко

Фокус Босна и Херцеговина

Balkan Film Festival се враќа во Casa del Cinema во Рим од 29. ноември до 4. декември 2022 со тоа што ќе ја води публиката низ патување во областа на културата и филмската индустрија на Балканот. Преку проекции на нефинализирани филмови, со интервенции направени од страна на реномирани филмаџии и гости од балканските простори, настанот ќе допре до исклучително актуелни прашања од уметничката, политичката и економската област.

Откако ќе заврши овој настан, фестивалот организира средби помеѓу филмските комисии од Италија и локалните оператори од Балканот, со што се етаблира како настан од меѓународен интерес.

Оваа година жири комисијата е составена од влијателни филмаџии:

  • Македонскиот режисер и автор Милчо Манчевски, добитник на Златен лав во 1994 со филмот „Пред Дождот“
  • Италијанскиот режисер, актер и сценарист Мимо Калопестри
  • Илјет Аличка, албански писател и сценарист и поранешен амбасадор во Франција, Монако и Португалија;
  • Претседателот на АНАК Франческо Раниери Мартиноти.

За ова издание на Balkan Film Festival, посветено е внимание на темите како што се: улогата на жената во општеството и движечката сила зад италијанско-балканските копродукции со посебен фокус на младинските копродукции. Еден од аспектите што го прави овој настан уникатен е токму блиската синергија со Балканот.

Фестивалот се отвора на 29.ноември со дијалог помеѓу режисерката Јасмила Жбаниќ која има освоено Златна мечка на 56. издание на Берлинскиот филмски фестивал, Претседателот на АНАК, Франческо Раниери Мартиноти, а се затвора со проекција на првиот филм во конкуренција –As far as I can walk на српскиот режисер Стефан Арсенијевиќ кој раскажува за патувањето на една жена и група сириски мигранти низ Балканот.

Жбаниќ важи за една од најинтересните личности од балканската кинематографија, а нејзиното ремек дело Quo vadis, Aida?“ е номинирано за Оскар во 2021 година за најдобар меѓународен филм. Овој фил е избран да го отвори Фестивалот поради важните теми кои се застапени во самиот филм. Приказната за Mother Courage, Quo vadis, Aida? всушност, поттикнува дијалог за балканската историја и нивните темни страни со истакнување на силната женска фигура која го брани своето семејство. Ова се аспекти кои ќе бидат точки во фокус на дебатата.

Состојбата на жените во филмот постојано била во главните теми на интерес на Фестивалот, затоа на вториот ден ќе се одвива дебата токму на оваа тема помеѓу Калтрина Красниќи со нејзиниот филм „Вера сонува за морето“, Франческо Костабиле со филмот „Женка“ заедно со Мимо Калопрести. Заедно ќе дебатираат на оваа тема давајќи глас на две недалечни една од друга реалност и нагласувајќи ја италијанско-балканската паралела низ универзалните проблеми на женската фигура.

На третиот ден од фестивалот, големо внимание се посветува и на младите балканско-италијански продуценти, со тоа што се одржуваат работилници, панел дискусии и проекции на дел од филмовите во официјалната селекција. На овој начин, фестивалот има намера да го зајакне развојот на мрежата на младите филмаџии со цел да се поттикнат процесите на европската интеграција и копродукции.

Со цел да се нагласи оваа желба за европска интеграција и соработка, поканети се истакнати гости од филмските комисии на повеќе италијански региони, а ќе информираат за нивните иницијативи за поддршка на филмовите на нивните територии (отворање на можности за копродукции со балканските земји), конкретно за младите режисери: Дина Дума, Антонио Ромањоли и Норика Сефа. На работилницата гости се Грегор Божич кој ќе зборува за своето искуство во снимањето филмови преку механизмите за меѓународно финансирање и копродукција, како и младиот албански продуцент Јонид Јорѓи кој ќе ја расветли дилемата за конкретните пречки кои се јавуваат за копродукциите.

Благодарение на придонесот на овие режисери, денот има за цел да се осврне на многу актуелни и релевантни прашања како што се: slut-shaming, првите сексуални искуства и психичкото насилство:

  • Македонската режисерка Дина Дума ќе го претстави нејзиниот драматичен филм „Сестри“ (во конкуренција) каде таа точно се справува со темата slut-shaming во ерата на социјалните медиуми
  • Косовската режисерка Норика Сефа, е дебитант на Balkan Film Festival и ќе се претстави со нејзиниот филм „Барајќи ја Венера“, филмот кој е награден како дебитант на Rotterdam Film Festival каде раскажува за првото сексуално искуство на млада девојка која е водена од неиздржлива љубопитност
  • Антонио Ромањоли го презентира „Прашина“, еден од неговите филмови од 2021, каде опишува епизода на психичко насилство.

Четвртиот ден е посветен на проекции на три филма во конкуренција: The Albanian Virgin на албанскиот режисер Бујар Алимани, Darkling на српскиот режисер Душан Милиќ, и  The City and the city на грчките режисери Христос Пасалис и Силас Цумеркас, филмови кои повторно се вртат околу клучните теми на Фестивалот.

Во сабота, на 3. декември, фестивалот ќе има проекција на филмот Bad Luck Banging or Loony Porn на романскиот режисер Раду Јуде и продолжува со оддавање на почит на големиот грчки режисер Тео Ангелопулос, десет години по неговата смрт со прикажување на The gaze of Ulysses, каде посебен говор ќе одржи Амедо Пагани, експерт и пријател на грчкиот режисер. Ќе бидат прикажани и филмот на Роланд Сејко„The Image Machine of Alfredo C“ и „Murina“ на хрватската режисерка Антоанета Аламат Кусијановиќ.

На 4. декември, Balkan Film Festival се затвора со последните два филма во конкуренција Women Do Cry“ на бугарските режисери Весела Казакова и Мина Милева, и „Not so Friendly Neighborhood Affair“ од оскаровецот Данис Тановиќ. Понатаму, во фокусот е и на Босна и Херцеговина каде што воените времиња и потрагата по тежок соживот ќе бидат раскажани преку дебата меѓу Мимо Калопестри, Барбара Чуписти и Азра Нухефендиќ. Веднаш потоа ќе се прикаже филмот „Хотел Сараево“ на самата Барбара Чуписти.

Share This