ПРИФАТЕНИ ПРОЕКТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДОМАШНИ ФЕСТИВАЛИ И ДРУГИ ФИЛМСКИ МАНИФЕСТАЦИИ ОД МЕЃУНАРОДЕН КАРАКТЕР ЗА 2018 ГОДИНА

Соглaсно објавениот Конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер во 2018 година, при одлучувањето Агенцијата за филм  се раководеше од приоритетите и критериумите за вреднување на пристигнатите пријави, како и според рестриктивниот овогодишен буџет и пристапи кон спроведување на законската процедура.
Агенцијата за филм согласно Нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022 година на Министерството за култура се водеше и од неопходноста за квалитетна селекција на поддршката  на филмски фестивали и нејзина децентрализација.

По разгледувањето на  сите пристигнати пријави за организација на филмски фестивали и манифестации во 2018 година од страна на членовите на Филмскиот совет беше констатирано дека е преголем бројот на филмски фестивали кои се организираат во Република Македонија. Повеќето од фестивалите не се разликуваат по концептот и програмите, а и не го потврдуваат квалитетот и оправданоста за нивното опстојување.  Поединечно беа евалуирани сите пријавени фестивали и согласно критериумите акцентот беше ставен на веќе етаблираните и квалитетни фестивали чие реноме, традиција, континуитет и афирмативни вредности на филмската култура во Република Македонија го потврдуваат тоа.

Бр.Назив на проектИме на подносителПоддршка  (Ден.)
1.Меѓународен филмски фестивал за анимиран филм Скопје Фест „Анимакс“Аурипигмент ДООЕЛ Скопје500.000
2.Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“Друштво за филмски работници на Република Македонија8.000.000
3.Тетова Интернационален филмски фестивал „ОДА“Здружение на филмски уметници Тетова интернационал филм фестивал3.000.000
4.Интернационален филмски фестивал „Астерфест 2018“Асоцијација на фестивалски активности Тивериополска Филмска Алијанса Астерфест - Институт за краток и документарен филм Струмица800.000
5.Фестивал на нов европски филм "Beach Film Festival 2018"Пик Продукција ДООЕЛ Прилеп300.000
6.„47 Државен фестивал на непрофесионален филм“Кино сојуз на Македонија250.000
7.Меѓународен фестивал на етнолошки филм „Кратово 2018“Македонско Етнолошки Друштво120.000
8.Фестивал на планински филм „ЕХО“Здружение  на граѓани за организација на филмски фестивал на алпинизнот.ОРГ400.000
9.„Златно тркало 2018“Супер Продукција БТР ДООЕЛ Скопје300.000
10.„Филозофски Филмски Фестивал“Филозофско друштво на Македонија800.000
11.Фестивал на европски филм „Cinedays“ЈУ Младински Културен Центар4.000.000
12.„Скопје Синема Сити“Номад Арт Скопје - Здружение за афирмирање на културата на Р. Македонија700.000
13.Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“Кино видео клуб Студио Милтон Манаки Битола250.000
14.Меѓународен фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“Здружение за промоција на документаристика МакеДокс2.600.000
15.Патувачко кино „МакеДокс 2018“Здружение за промоција на документаристика МакеДокс300.000
16.Скопје Филм ФестивалСкопје Филм Фестивал2.500.000