Резултати по Конкурс за финансирање проекти од национален интерес во филмската дејност за 2025 година – организирање на домашни фестивали и манифестации од меѓународен карактер

Согласно Законот за филмска дејност, Управниот одбор на Агенција за филм на Република Северна Македонија на седница одржана на ден 08.05.2025 година ги донесе одлуките за прифатени и одбиени проекти по Конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2025 година – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер

Проектите кои се прифатени по овој Конкурс, се следниве: 

р.б.Наслов на проектПодносител на пријаваИзнос на доделена поддршка
1Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“Друштво на филмските работници на Република Македонија Скопје9.500.000
2Меѓународен фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“Здружение за промоција на документаристика Македокс Скопје4.000.000
324 Фестивал на европски филм „Cinedays“Јавна установа Младински културен центар Скопје, Република Северна Македонија2.600.000
4Тетова интернатионал филм фестивал ОДА 2025Здружение на филмски уметници Тетова интернатионал филм фестивал Тетово2.600.000
5„ЕХО“ Фестивал на планинскиот филмЗдружение на граѓани за организација на филмски фестивал Алпинизам.Орг – Скопје900.000
6„Џифони Македонија“ Филмски фестивал за млади 2025Здружение за медиумска писменост Планет – М Скопје1.600.000
7Фестивал на нов европски филм  „Beach film festival“ 2025Друштво за филмска и аудиовизуелна продукција Пик продукција увоз – извоз ДООЕЛ Прилеп1.500.000
8Фестивал на краток филм „Drim Short“ 2025Здружение за афирмација на културата Багер генезис 2.0 Струга500.000
9Фестивал за европски авторски анимиран филм „Flipbook Film Festival“Друштво за филмска продукција издавaштво и услуги Флип бук ДООЕЛ Скопје500.000
10Денови на македонскиот филм „Златна рамка“ 2025Друштво на филмските работници на Република Македонија Скопје1.000.000
11„Филмај“ 2025 Фестивал на краток филм Здружение Фото Кино Клуб Козјак Куманово150.000
12XIV Меѓународен фестивал на етнолошки документарни филмови „Кратово 2025“Македонско етнолошко друштво Скопје184.000
13Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“Здружение Кино видео клуб Студио Милтон Манаки Битола240.000
14Државен фестивал на непрофесионален филмКино сојуз на Македонија Скопје400.000
15„Филозофски филмски фестивал“Здружение на граѓани Филозофско друштво на Македонија Скопје700.000
16Фестивал на медитеранскиот и европскиот филм „Преку езерото“Друштво за производство на филмови Синемон медиа фактори ДООЕЛ Скопје600.000
17Меѓународен фестивал на етнографски филм „ЕТНОФФ“ – 11Македонско студентско етнолошко друштво Скопје90.000
18Меѓународен филмски фестивал „Киненова“ 2024Здружение за промовирање и развој на филмската уметност култура Арт Синема Скопје1.000.000