ЈАВЕН ОГЛАС/ПОВИК за финансирање на проектни активности на здруженија од областа на филмската дејност за 2024 година

Врз основа на Правилникот за постапка и услови за распределба на средства за финансирање на здруженија од страна на Агенцијата за поддршка на развојот на филмската дејност донесен од страна на Управниот одбор на ден 28.09.2023 година, Агенцијата за филм објавува

ЈАВЕН ОГЛАС/ПОВИК

за финансирање на проектни активности на здруженија од областа на филмската дејност за 2024 година

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија согласно Законот за филмска дејност остварува соработката со здруженијата од областа на филмската дејност. Целта на овој повик е  нивно финансирање, во смисла на стручна и професионална логистика, нивно промовирање на домашно и светско ниво како и административна поддршка во реализација на поставените цели на здруженијата.

Краен рок за достава на пријави по конкурс е 05 јануари 2024 година.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

Право на учество на конкурсот имаат правни лица кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, кои во статутот имаат предвидено активности за развој на филмска дејност и кои спроведуваат активности од сферата на филмската дејност во период од најмалку три години од денот на регистрацијата.

Посебни програмски услови кои треба да ги исполни здружението се следниве:

  1. Здружението треба да располага со потребната организациска структура и човечки ресурси за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери, хонорарно ангажирани лица);
  2. Здружението треба да располага со административно – техничко – технолошки ресурси потребни за реализација на проектот;
  3. Членовите на здружението треба да се професионални филмски работници кои работат  на производство на филмови;
  4. Членството на здружението да брои најмалку 50 лица – активни членови, (се однесува на здруженија кои побаруваат над 400.000 денари на годишно ниво);
  5. Здружението да е регистрирано најмалку три години пред учество на конкурсот (се однесува на здруженија кои побаруваат над 400.000 денари на годишно ниво);
  6. Бројот на реализирани проекти во соработка со други организации од областа на филмот како и учество во проекти поддржани од други државни институции, да не биде помал од два

На конкурсот не може да се пријави здружение кое за истата намена добило средcтва од друг државен орган што би значело двојно финансирање на истите активности од други извори. Здруженијата не можат да поднесат повеќе од една пријава за финансиска поддршка во тековната година.

III. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

Оцената на проектите се врши преку следниве критериуми

  • Општата цел на проектот да води кон реализација на дадената приоритетна цел;
  • Главните цели на проектот треба да бидат јасно дефинирани;
  • Целната група за проектот треба да биде јасно дефинирана и во корелација со главните цели;
  • Планираните активности треба да бидат остварливи во поглед на временската рамка и предвидениот буџет;
  • Активностите треба да се реалистични и да водат кон остварување на предвидените резултати во проектот;
  • Планот за спроведување на активностите треба да е јасен и остварлив;
  • Предложениот финансиски план треба да е реален (описот на трошоци по категории и позиции соодветствува на пазарните цени)

V. ВИСИНА НА УЧЕСТВО НА АГЕНЦИЈАТА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

Агенцијата ќе учествува во финансирање на проектите согласно Буџетот со кој располага во тековната година и финансискиот план за работа на Агенцијата.

Висината за подршка на секој поединечен проект може да биде најмногу до 70% од вкупниот буџет за реализација на проектот

VI. НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА

Правното лице чиј проект ќе биде избран на Конкурс, со Договор се обврзува да ја заврши неговата реализација и да ги исполни сите обврски согласно договорот. Договорот се заверува кај нотар со својство на извршна исправа. Динамиката на исплата на проектите ќе биде дефинирана во договорите за финансирање на проектите.

Правното лице се обврзува сите средства доделени од страна на Агенцијата да ги користи наменски, законски, рационално и економично од наменската сметка отворена на име на проектот само за оваа цел.

VII. НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава која е составен дел од конкурсот. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк) да се пополни на македонски јазик, електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

Пријавата и документацијата по конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на повик за финансирање на проектни активности на здруженија од областа на филмската дејност за 2024 година.

На конкурсот нема да бидат разгледувани Пријави кои се некомплетни, ненавремени, се доставени од неовластено лице, содржат неточни и неразбирливи податоци, не ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот.

Документите/ материјалите доставени со Пријавата не се враќаат.

VIII. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

Одлуките за прифаќање и одбивање на пријавените проекти ги носи Управниот одбор во рок од 60 дена од денот на завршување на огласот за тековната година. Против одлуката, правното лице може да се поведе управен спор во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката

IX. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска  дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил: contact@filmagency.gov.mk, најдоцна 15 дена пред истекот на рокот за поднесување на предлог проекти. Пријава може да ја преземете во следниве формати:  PDF  и  DOC