Конкурс за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот и поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации за 2024 година

Врз основа на член  25 став (2) од Законот за  филмската дејност („Сл. Весник на Република Северна Македонија’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18 и 275/19), а во согласност со Правилникот за  учество на Агенцијата за филм во финансирање на стручното и професионално усовршување на кадри во областа на филмот и поддршка на членство на РС. Македонија во меѓународни филмски организации, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:

Конкурс за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот и поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации за 2024 година

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа:

  • за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот и
  • за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации.
  •  

Општи информации

Едукативни и образовни програми за стручно и професионално усовршување на кадри во областа на филмот се: работилници, тренинг програми, форуми и филмски маркети со посебни програми наменети за стекнување и унапредување на знаења од посебни сегменти од областа на филмската дејност.Членство на Република Северна Македонија во меѓунардони филмски организации и асоцијации.

Услови и право на учество

1. Право на учество на конкурсот за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот имаат физички лица кои:

  • се државјани на Република Северна Македонија;
  • се имаат стекнато со високо образование од областа на филмската дејност или се докажани во својата област.

2. Право на учество на конкурсот за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации имаат:

  • правни лица како и непрофитни организации, задруженија на граѓани кои се регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија за вршење на дејност од  областа на филмската дејност.

Услови за конкурирање

Лицата кои аплицираат на конкурсот за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот, потребно е:

  • во моментот на конкурирање да работат на проекти кои се на тема која е тесно поврзана со програмата за едукација за која се побарува поддршка за присуство или     
  • во момент на конкурирање да имаат учествувано во реализација на најмалку два краткометражни професионални филмови што се јавно прикажани или
  • да се истакнати филмски критичари.

Пријавите доставени по Конкурс нема да бидат рзгледувани и истите ќе бидат одбиени доколку

  • се некомплетни, ненавремени, се доставени од неовластено лице, содржат неточни и неразбирливи податоци;
  •  не ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот.

Критериуми по кои ќе се врши изборот на проектите за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации се следните:

  • Правното лице ја претставува и афирмира македонската култура и кинематографија;
  • Врши промоција и заштита на техничките и уметничките вредности на кинематографските вредности;
  • Врши прмоција на интернационалното разбирање и соработка во полето на уметноста културата, образованието и науката  во согласност со принципите на ЕУ и УНЕСКО;
  • Правното лице ја претставува и афирмира македонската култура и кинематографија преку филмската критика;
  • Учество во крерирање на законските регулативи во Европа кои се од посебен интерес за филмовите и филмската индустрија;
  • Република Македонија се јавува како долгогодишна членка во меѓународната филмска организација или асоцијација.

Приоритет во финансирањето ќе имаат оние правни лица кои континуирано и долгогодишно членуваат во  меѓунардони филмски организации и асоцијации (да не биде помало од 10 години).

Рок за пријавување

Конкурсот е отворен и трае во текот на цела година. Апликантите се должни пријавата по конкурс за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот  со прилог документацијата да ја достават најмалку 15 дена пред почеток на настанот.

За секое барање се одлучува поединчено со Одлука на Управен одбор во рок од 60 дена од денот на конкурирањето, по претходно доставено мислење од Филмскиот совет. Подносителите на барањата прифатени на Конкурсот по добивање на Одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор за поддршката зависно од доставеното барање.

Начин на доставување на Пријави

Пријавувањето се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб страната на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се превземе од веб страната на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk), да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до Архивата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 и по електронски пат на: contact@filmagency.gov.mk.

Висина на учество на Агенцијата

Агенцијата за филм  ќе учествува во финансирањето на начин што во целост го покрива износот на чланарината за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации, односно котизацијата за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот, додека во останатите трошоци зависно од расположливите средства на Агенцијата. Изборот на проекти ќе се изврши во согласност со расположливите средства на Агенцијата за филм.

Квалификувани трошоци за учество на домашни и меѓународни едукативни и образовни програми се трошоци наменети за: котизација за учество во програмата, трошоци за превоз и сместување.

Начин на користење на доделените средства

Апликантите чии Пријави се одобрени на Конкурсот, односно корисниците на средствата, се должни доделените средства од Агенцијата за филм да ги трошат наменски и законски согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.

Корисниците се обврзани да достават наративен извештај и финансиски извештај  со прилог документација за направени трошоци (фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

Дополнителни информации

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100