КОНКУРС за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот и поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации за 2025 година

Врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), а во согласност со Правилникот за учество на Агенцијата за филм во финансирање на стручното и професионално усовршување на кадри во областа на филмот и поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации бр.01-1917/1 од 21.12.2018 година, Oдлука на Управен одбор бр. 02-404/6 од 06.03.2023 година и Одлука бр.02-745/2 од 12.04.2023 година, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:

К О Н К У Р С

за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот и поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации за 2025 година

I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа:

  • за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот
  • за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации

Конкурсот е отворен и трае во текот на цела година. Апликантите се должни Пријавата со прилог документацијата да ја достават најмалку 15 дена пред почеток на настанот односно 5 дена по прием на фактура за членството.

За секое барање се одлучува поединчено со Одлука на Управен одбор во рок од 60 дена од денот на поднесување на Пријавата, по претходно доставено Мислење од Филмскиот совет.

Подносителите на Пријавите прифатени на Конкурсот по добивање на Одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор.

Висина на учество на Агенцијата

Агенцијата за филм  ќе учествува во целост во финансирањето во котизацијата за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот и членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации, додека во останатите трошоци зависно од расположливите средства на Агенцијата. Изборот ќе се изврши во согласност со расположливите средства на Агенцијата за филм.

Начин на користење на доделените средства

Апликантите чии Пријави се одобрени на Конкурсот, односно корисниците на средствата, се должни доделените средства од Агенцијата за филм да ги трошат наменски и законски согласно позитивните прописи во Република Северна Македонија.

Корисниците се обврзани да достават наративен и финансиски извештај  со прилог документација за направени трошоци (фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

Начин на доставување на Пријави

Пријавувањето се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-страната на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се превземе од веб-страната на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

Пријавата со потребната документација треба да се достават до Архивата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија или преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 и задолжително по електронски пат на: info@filmagency.gov.mk

Пријавите доставени по Конкурс нема да бидат рзгледувани и истите ќе бидат одбиени доколку

  • се некомплетни, ненавремени, се доставени од неовластено лице, содржат неточни и неразбирливи податоци;
  • не ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот
  •  

Дополнителни информации

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскиот број 02/3224-100 или на мејлот info@filmagency.gov.mk

*Пријавите може да се превемат од следните линкови:

Пријава за членување – (DOC)

Пријава за едукација – (DOC)

II КОНКРЕТНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА:

ПРИЈАВА ЗА ПОДДРШКА НА СТРУЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ НА КАДРИ ОД ОБЛАСТА НА ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ

Услови и право на учество

Право на учество на Конкурсот за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот имаат физички лица кои:

  • се државјани на Република Северна Македонија;
  • се имаат стекнато со високо образование од областа на филмската дејност;
  • или се докажани во својата област, односно во моментот на конкурирање да имаат учествувано во реализација на најмалку два краткометражни професионални  филмови кои се јавно прикажани;
  • или во момент на конкурирање да работат и/или имаат искуство во работа на проекти кои се на тема која е тесно поврзана со програмата за едукација за која се побарува поддршка за присуство или;
  • да се истакнати филмски критичари.

Под стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот се подрзбира учество на едукативни и образовни програми и тоа: работилници, тренинг програми, форуми и филмски маркети со посебни програми наменети за стекнување и унапредување на знаења од посебни сегменти од областа на филмската дејност.

Квалификувани трошоци за учество на домашни и меѓународни едукативни и образовни програми се трошоци наменети за: котизација за учество во програмата, трошоци за превоз и сместување.

ПРИЈАВА ЗА ПОДДРШКА НА ЧЛЕНСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО МЕЃУНАРОДНИ ФИЛМСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Услови и право на учество

Право на учество имаат правни лица кои:

  • се непрофитни организации, здруженија на граѓани  кои се регистрирани за вршење на дејност од областа на филмската дејност во Централен Регистар  на Република Северна Македонија;
  • ja претставуваaт и афирмирaат македонската култура и кинематографија;
  • вршат промоција и заштита на техничките и уметничките квалитети на кинематографските вредности;
  • остваруваат соработка во полето на уметноста, културата, образованието и науката во согласност со принципите на ЕУ и УНЕСКО;
  • ја претставуваат и афирмираат македонската култура и кинематографија преку филмската критика;
  • учествуваат во креирање на законските регулативи во Европа кои се од посебен интерес за филмовите и филмската индустрија.

Правните лица може да се пријават за финансирање на целосна уплата на годишни членарини за членство во меѓународни филмски организации или асоцијации, во кои Република Северна Македонија се јавува како долгогодишна членка.

Приоритет во финансирањето ќе имаат оние правни лица кои континуирано и долгогодишно членуваат во  меѓународни филмски организации и асоцијации (да не биде помало од 10 години).