КОНКУРС ЗА ФИНАНИСРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ за 2025 година

Врз основа на член 25 став 1 од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:

КОНКУРС ЗА ФИНАНИСРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ

1. Конкурсот се распишува за финансирање на проекти за производство на:

– долгометражен игран и анимиран филм чие времетраење е минимум 70 минути;

– долгометражен документарен филм чие времетраење е минимум 60 минути;

– краткометражен игран, документарен и анимиран филм чие времетраење е максимум 30 минути.

Филмот во зависност од креативното и финансиското учество на Република Северна Македонија може да биде:

– Домашен филм кој во  80% е финансиран со средства од Република Северна Македонија или филм  произведен од еден или повеќе филмски продуценти од Република Северна Македонија, со најмалку еден автор од Република Северна Македонија и со претежен дел на филмски работници од Република Северна Македонија.

– Копродукциски филм со малцински финансиски удел на Република Северна Македонија – домашен филм  во кој учеството на Република Северна Македонија не може да биде повеќе од 50%, но не помалку од 5% од вкупните трошоци за производство на филмот и филм произведен во соработка со странски филмски продуценти во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција (ревидирана).

2. Право на учество и услови на за конкурирање

2.1. Право на учество

2.1.1. Право на учество на Конкурсот имаат филмски продуценти кои се регистрирани во Централниот Регистар на Република Северна Македонија со претежна дејност – производство на филмови (шифра 59.11);

2.1.2. Право на учество немаат правни лица кои на Конкурсот аплицираат со студентски филм;

2.1.3. За производство на долгометражен игран филм право на учество немаат правните лица кои се пријавуваат со проект чиј режисер претходно има одобрен проект за реализација на долгометражен игран филм од страна на Агенцијата, а истиот во моментот на аплицирање не е завршен. Завршување на филм се смета денот кога филмскиот продуцент ќе го достави првиот стандарден примерок на филмот во Агенцијата за филм.

2.2. Услови за конкурирање

2.2.1. За производство на долгометражен игран филм може да конкурира филмски продуцент кој ги исполнува условите од член 26 став 5 од Законот за филмската дејност.

2.2.2. За производство на дебитантски долгометражен игран филм може да конкурира филмски продуцент кој ги исполнува условите од член 26 став 6 од Законот за филмската дејност.

2.2.3. За производство на долгометражен копродукциски филм со малцински финансиски удел од Република Северна Македонија  може да конкурира филмски продуцент од Република Северна Македонија кој има снимено и јавно прикажано најмалку два краткометражни играни, документарни или анимирани филмови со кои учествувал на најмалку два меѓународни фестивали.

Студентски филмови не се сметаат како претходно изработени филмови на продуцентот и режисерот на проектот, освен оние кои биле на меѓународни фестивали од А категорија.

2.2.4. На Конкурсот може да се пријават филмски продуценти со најмалку два  проекти од различни категории и со најмногу еден во иста категорија.

3. Пријавите доставени по Конкурсот нема да бидат разгледувани и истите ќе бидат одбиени доколку:

– се некомплетни, ненавремени, се доставени од неовластено лице, содржат неточни и  неразбирливи податоци, не се доставени по електронски пат;

– не ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот;

– немаат извршено соодветна уплата по Конкурс;

– се доставени од филмски продуцент кој има забрана за учество на Конкурс по одредени основи предвидени со Законот за филмската дејност, објавена на веб страната на Агенцијата за филм;

– се доставени од филмски продуцент кој не ги вратил средствата добиени од Агенцијата за реализација на проект кој не се реализирал во рок од пет години сметано од денот на склучување на Преддоговорот;

– се доставени од филмски продуцент против кого е поднесена тужба до надлежен суд од страна на Агенцијата.

4. Начин и рок на пријавување

Конкурсот е отворен во текот на целата година, а одлучувањето по доставените филмски проекти е двапати годишно и тоа во  месец април и во месец октомври.

– За првиот рок на одлучување потребно е пријавите да се достават најдоцна до 10.02.2025г. (понеделник);

–  За вториот рок на одлучување најдоцна до 01.08.2025 г. (петок).

Пријавувањето на филмските проекти се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата и Конкурсот. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Пријавата треба да се превземе од веб-страната на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува. За секој филмски проект се пополнува соодветна и одделна Пријава.

Пријавата со прилог задолжителна документација и друга документација за Конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март бр. 4, или со нивно предавање во архивата на Агенцијата со назнака „Пријава на Конкурс за производство на филмови’’, најдоцна до 15:00 часот почитувајќи го горенаведениот краен рок.

Целосната документација доставена со Пријавата на Конкурсот задолжително се доставува и по електронски пат на: info@filmagency.gov.mk.

За секој поедиченечен проект потребна е одделна електронска пријава.

Доставените Пријави и доставената документација по Конкурс не се враќаат на подносителот.

5. Приоритети за финансирање на проекти

Приоритет при одлучувањето на Конкурсот ќе имаат филмски проекти кои покрај уметничкиот имаат и третираат современи, универзални теми и се со потенцијална циркулација, ја афирмираат Република Северна Македонија, како и автентични филмски проекти од реномирани македонски автори, млади автори – дебитанти и малцински копродукции кои ќе придонесат за унапредување на македонската кинематографија.

6. Критериуми за евалуација на проекти

Финансирањето на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност ќе се врши врз основа на член 27 до Законот за филмската дејност, односно по спроведена евалуација на проектите утврдена во Правилникот за поблиските критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 97/14).

7. Висина на учество на Агенцијата во финансирањето

7.1. Агенцијата ќе учествува во финасирање на филмските проекти со средства во висина до најмногу 70% од вкупниот буџет и тоа за:

– Долгометражен игран не повеќе од 62.000.000 денари;

– Долгометражен документарен филм не повеќе од 10.000.000 денари;

– Долгометражен анимиран филм не повеќе од 62.000.000 денари;

– Краткометражен игран филм не повеќе од 5.000.000 денари;

– Краткометражен документарен филм не повеќе од 4.000.000 денари

– Краткометражен анимиран филм не повеќе од 5.000.000 денари.

7.2. Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмските проекти за дебитански филм со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:

– Долгометражен игран не повеќе од 25.000.000 денари;

– Долгометражен документарен филм не повеќе од 5.000.000 денари;

– Долгометражен анимиран филм не повеќе од 25.000.000 денари;

– Краткометражен игран не повеќе од 2.000.000 денари;

– Краткометражен документарен не повеќе од 2.000.000 денари;

– Краткометражен анимиран филм не повеќе од 2.500.000 денари;

7.3. Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмски проекти од посебен интерес за Република Северна Македонија со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:

– Долгометражен игран може да бидат и повеќе од 62.000.000 денари;

– Долгометражен документарен филм не повеќе од 15.000.000 денари;

– Долгометражен анимиран филм кои може да бидат и повеќе од 62.000.000 денари;

– Краткометражен игран не повеќе од 8.000.000 денари;

– Краткометражен документарен не повеќе од 6.000.000 денари;

– Краткометражен анимиран филм не повеќе од 8.000.000 денари.

Филмскиот продуцент е должен при изработка на буџетот во средствата кои ги побарува од страна на Агенцијата да ги предвиди и средствата за маркетинг, промоција, дистрибуција и изработка на дигитална копија на филмовите, како и надоместоците за авторски и други хонорари кои ќе бидат финансирани од Агенцијата согласно член 28 од Законот за филмска дејност.

8. Начин на користење на финансиските средства за проекти што ќе бидат избрани на Конкурсот

За домашни филмови (национални филмови и мнозински ко-продукции) најмалку 65% од средствата доделени од Агенцијата мора да се потрошат во Република Северна Македонија

За ко-продукциски филмови (малцински ко-продукции) најмалку 80% од средствата доделени од Агенцијата мора да се потрошат во Република Северна Македонија.

Филмскиот продуцент корисник на финансиските средства е должен истите да ги троши исклучиво од оперативната сметка за посебни намени т.н наменска сметка отворена за проектот и да се придржува до финансискиот план, оперативниот план и буџетот кои се составен дел од договорот.

По секоја завршена фаза на реализација на филмскиот проект, во согласност со оперативниот план, филмскиот продуцент до Агенцијата доставува извештај за потрошени средства – табеларен приказ со прилог документација за направените трошоци (договори, фактури, сметки) и докази за реализирани трошоци (изводи од банка).


9. Еднократен надоместок за администрирање на проектот

За администрирање на филмските проекти (прием и архивирање на проект, копирање и достава до рецензенти, авторски хонорар за рецензенти на проектите, евалуирање на проектите и одлучување по истите, изготвување на известувања до продуцентските куќи, поштенски услуги, телефонски услуги и сл.) пред апликација на Конкурсот од страна на филмскиот продуцент се врши уплата на средства на сметката на Агенцијата за филм.

 Уплатата се врши на Образец ПП50

Цел на дознака: Уплата за Конкурс за финансирање проекти

Назив на примачот: Агенција за филм на Република Северна Македонија

Банка на примачот: НБРМ, Сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 180106036478714 приходна шифра: 725939 програма: 31

Висината на надоместокот за администрација на филмските проекти кој е потребно да се уплати:

– за долгометражни (игран, документарен и анимиран) филмови 8.000 денари;

– за краткометражен (игран, документарен и анимиран) филмови 4.000 денари

Уплатените средства кои ќе се користат за администрирање на проектите се неповратни за филмскиот продуцент без разлика дали проектот ќе биде прифатен или одбиен од страна на Агенцијата за филм.

10. Дополнителни информации

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска и аудиовизуелна дејност на телефонскот број 02/3224-100 или електронски на: info@filmagency.gov.mk

Документација која е потребно да се достави на пропишани Обрасци:

– Пријавa за проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм – мнозинска копродукција (PDF)  (Word)

– Пријавa за проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм- малцинска копродукција  (PDF)  (Word)

– Прашалник за успешност на Продуцент дебитант (PDF)  (Word)

– Прашалник за успешност на Продуцент (PDF)  (Word)

– Прашалник за успешност на Режисер дебитант (PDF)  (Word)

– Прашалник за успешност на Режисер (PDF)  (Word)

– Рекапитулар за буџет мнозински/малцински (xsl)

– Финансиски план мнозински/малцински (xsl)