Врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), а во согласност со Правилникот за поддршка на проекти за организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен крактер бр. 01-216/1 од 30.01.2023 година, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:
К О Н К У Р С
за финансирање на проекти за Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2025 година
I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува Конкурс за финансирање на проекти за Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2025 година.
Краен рок за достава на пријави по Конкурс е 24.02.2025 година.
II. ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ
Право на учество на Конкурсот имаат правни лица, непрофитни организации, здруженија на граѓани, фондации, установи во надлежност на Општините кои се регистрирани да вршат дејност која соодветствува со потребата на овој Конкурс.
III. ПРИОРИТЕТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ
Предност при одлучување ќе имаат проектите:
- кои ја стават македонската кинематографија во интернационален контекст;
- имаат европски, односно меѓународен карактер;
- го промовираат интеркултурниот дијалог и развој на граѓанското општество;
- се засновани на стручно и професионално знаење;
- имат висок квалитет и профилираност на основната дејност;
- имаат значителна посветеност, се оддржуваат континуирано и со традиција;
- имаат едукативни аспекти/квалитет на публикациите;
- кои за прв пат се јавуваат на Конкурс, со нова, оригинална програма и концепт кој досега не бил реализиран од страна на друг фестивал/манифестација.
Пријавените проекти кои ќе освојат еднаков број бодови, предност ќе добие проектот кој има планирана програма со прецизни и договорени настани и/или за кој се обезбедени средства од други извори во повисок износ.
IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ
- Оцената на проектите за организирање на домашни филмски фестивали и други манифестации од меѓународен карактер кои имаат континуитет во одржувањето се врши преку следниве критериуми и мерила:
- Квалитет на програмата (содржини и активности);
- Програмски концепт (натпреварувачки или ревијален карактер);
- Европска димензија на програмирање, вклучувајќи културна и географска разновидност;
- Квалитетот и постигнатите успеси на реализираниот фестивал/ манифестација во изминатиот период, со статистички податоци за посетеноста на последното издание на фестивалот/манифестацијата, и фотографии од отворањето и затворањето на фестивалот со линкови од оддржани прес-конференции или било какви статии што го потврдуваат истото;
- Реноме, традиција и континуитет на одржување;
- Обезбедени средства од други извори;
- Квалитет на стручен тим.
- Оцената на проектите за организирање на домашни филмски фестивали и други манифестации кои аплицираат за организација на прво издание се врши преку следниве критериуми и мерила:
- Квалитет на програмата (содржини и активности);
- Програмски концепт (натпреварувачки или ревијален карактер);
- Европска димензија на програмирање, вклучувајќи културна и географска разновидност;
- Обезбедени средства од други извори;
- Квалитет на стручен тим.
Максимален број на бодови коj може да се освои за еден проект изнесува 100 бода.
Минимален број на бодови кој мора да се освои за да се квалификува проектот за понатамошна оценка е 51 бод.
Проектот кој не го освоил минималниот број на бодови, се исклучува од натамошна оцена.
Оценката на проектите ја прави Филмскиот совет и финансиски советник.
V. ВИСИНА НА УЧЕСТВО НА АГЕНЦИЈАТА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ
Агенцијата ќе учествува во финансирање на проектите согласно Буџетот одобрен од Владата на Република Северна Македонија и финансискиот план за работа на Агенцијата, а најмногу до 70% од вкупниот буџет за реализација на проектот.
VI. НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА
Правното лице чиј проект ќе биде избран на Конкурс, со Договор се обврзува да ја заврши неговата реализација и да ги исполни сите обврски согласно Договорот. Договорот се заверува кај нотар со својство на извршна исправа. Динамиката на исплата на проектите ќе биде дефинирана во договорите за финансирање на проектите.
Правното лице се обврзува сите средства доделени од страна на Агенцијата да ги користи наменски, законски, рационално и економично од наменската сметка отворена на име на проектот само за оваа цел.
VII. НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА
Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета Пријава која е составен дел од Конкурсот. Пријавата треба да се преземе од веб-страната на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк) да се пополни на македонски јазик, електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.Пријавата има два прилога и пропишана ексел табела за Буџет и финасиски план.
Пријавата и документацијата по Конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на Конкурс за финансирање на проекти за организарање на филмски фестивали и манифестации“, како и на имејл адреса: info@filmagency.gov.mk, во пропишаниот рок.
На Конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои се некомплетни, ненавремени, се доставени од неовластено лице, содржат неточни и неразбирливи податоци, не се доставени по електронски пат, не ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот.
Со Пријавата покрај задолжителните, може да се достават и други документи/материјали потребни за дообјаснување на проектот, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави. Документите/ материјалите доставени со Пријавата не се враќаат.
VIII. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ
Одлуките за прифаќање и одбивање на пријавените проекти ги носи Управниот одбор на Предлог на директорот во рок од 60 дена од денот на завршување на Конкурсот. Проектите прифатени на Конкурс ќе се објават и на веб страната на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
IX. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на имејл: info@filmagency.gov.mk .
Во случај со еден ист проект да се пријават две или повеќе правни лица, ќе се евалуира единствено оној проект чиј подносител се јавува како континуиран организатор на фестивалот односно манифестацијата. Пријавата може да ја преземете на следниве формати: PDF и DOC.