Отворен повик од „Еуримаж“ за надворешни експерти
Европскиот филмски фонд „Еуримаж“ има отворен повик за независни надворешни експерти. Кандидатите треба да бидат културни работници кои делуваат во областа на филмот и аудивизуелното творештво. Упатствата за пријава како и целосен преглед на функционирањето на надворешните експерти: избор, мисија, финансиски и административни услови, итн може да се преземат на следните линкови:
Documents (coe.int)
Are you eligible? (coe.int)
Заинтересираните кандидати пријавата треба да ја направат на следниот линк:
ExpertsFO (coe.int)
Реформата на Еуримаж и употреба на надворешни експерти
По надворешна евалуација спроведена во 2018 година, Фондот започна со длабинска реформа на процесот на управување и донесување одлуки, како и преглед на работните процедури. Оваа реформа влијае особено на програмата за поддршка на копродукцијата, чии модалитети ќе се променат од 1 јануари 2022 година.
Процесот на управување и одлучување на Фондот ќе биде структуиран на следниот начин: Управниот одбор (1-2 состаноци годишно), составен од претставници од секоја од земјите-членки, ја дефинира политиката и стратешките ориентации на Фондот, одлучува за условите за доделување финансиска поддршка и го усвојува и следи буџетот на Фондот.
Извршниот комитет (3 состаноци годишно), составен од една третина од националните претставници на ротациона основа, има мандат да донесува одлуки за секое прашање што не спаѓа во надлежноста на Управниот одбор, вклучително и усвојување препораки за финансиска поддршка развиена од работните групи за различни програми за поддршка. Независни надворешни експерти – од филмската, аудиовизуелната и културната индустрија – ќе бидат ангажирани за проценка на апликациите за поддршка и давање препораки за распределба на финансиска помош во согласност со критериумите за избор и насоки дефинирани од Управниот
одбор. Овие експерти ќе работат во рамките на програмата за поддршка на копродукцијата, но може да бидат повикани за други програми на Фондот.
Контакт: eurimages-experts@coe.int
Experts (coe.int)