ЈАВЕН ПОВИК ДО ФИЛМСКИТЕ ПРОДУЦЕНТИ

24/12/2025

Врз основа на член 31 од Законот за филмска дејност („Службен весник на РМ“ бр. 82/2013), Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ги повикува сите филмски продуценти кои имаат реализирано филмови со финансиска поддршка од Агенцијата, да достават податоци за остварениот приход од продажба и користење на филмовите.

Што е потребно да се достави:

  • Податоци за вкупниот приход остварен од користење и продажба на филмот
  • Финансиска документација врз основа на која е утврден нето-приходот
  • Податоци за периодот на кој се однесува приходот

Рок за доставување:

Заклучно со 30 март 2026 година

Начин на доставување:

Документацијата да се достави:

  • по електронски пат на официјалната е-пошта на Агенцијата, или
  • во писмена форма преку архивата на Агенцијата за филм

Правна напомена:

Ненавремено доставување на податоците и неизвршување на обврските утврдени со член 31 од Законот за филмска дејност може да резултира со ограничување на правото на учество на идни конкурси, во согласност со законските одредби.

Share This