За нас

Агенцијата за филм е основана со Законот за филмската дејност (сл. Весник бр.82/2013). Своето работење го почнува на 01.01.2014 година како правен наследник на Филмскиот Фонд на Република Северна Македонија.

Основната цел на Агенцијата за филм е развој и унапредување на филмската дејност во Република Северна Македонија. Преку континуираната поддршка на производството на филмови од национален интерес во филмската дејност, поддржување на реализација на меѓународни филмски копродукции, грижата за унапредување на стручните кадри, поттикнување на развој на домашни сценарија, промоцијата на домашното филмско творештво на врвни меѓународни фестивали и настани, како и промоција на Република Северна Македонија како земја која располага со поволни услови за привлекување на странски продукциски компании за снимање на филмови, Агенцијата го трасира патот до остварувањето на својата цел. Средствата за работа на Агенцијата за филм се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија и од други извори утврдени со Законот за филмската дејност.

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ

За финансирање на проекти за производство на долгометражен или краткометражен игран филм, за документарен филм и за анимиран филм, Aгенцијата за филм, еднаш годишно, во јануари, објавува конкурс, кој трае во текот на целата година. По доставените филмски проекти кои се јавиле на конкурсот се одлучува двапати годишно во април и октомври.

За финансирање на проекти кои се од национален интерес во филмската дејност, агенцијата за филм во текот нс годината објавува конкурс за финансирање на проекти за поддршка на пишување на сценарија и конкурс за финансирање на проекти за организаирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер.

За вршење на стручни работи од надлежност на агенцијата како и за превземање на мерки за унапредување на филмската дејност формиран е Филмски совет, додека за евалуацијата на филмските проекти кои аплицираат на конкурсот објавен од страна на Агенцијата за филм именувани се Филмски рецезенти. За оценка на оперативните планови и буџетот на филмските проекти кои аплицираат на конкурсот објавен од страна на Агенцијата за филм именуван е Финансиски советник.

ЕВИДЕНЦИЈА, КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ДИСТРИБУЦИЈА НА ФИЛМОВИ

Агенцијата за филм води евиденција за филмските продуценти, за дистрибутерите на филмови и за киноприкажувачите во Република Северна Македонија, евиденција за филмови снимени со средства од Буџетот на Република Северна Македонија, евиденција за филмови што се снимени во Република Македонија, евиденција на филмови дистрибуирани во кината во Република Северна Македонија и евиденција за филмови што се прикажани во кината на Република Северна Македонија.

Заради заштита на малолетните лица во Република Северна Македонија од филмови кои можат да наштетат на нивниот морален, физички или психички развој, филмовите што се дистрибуираат во Република Северна Македонија за киноприкажување, односно за друга форма на јавно прикажување, задолжително се категоризиираат, соодветно на содржината на филмот.

ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВЛОЖУВАЊЕ СРЕДСТВА ВО ФИЛМСКИ ОДНОСНО ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОЕКТ

Со предвидување на правото на поврат на средства во Законот за филмска дејност, Агенцијата за филм го поттикнува вложувањето на средства во филмската дејност во Република Северна Македонија. Со право на поврат на вложените средства може да се стекне секој филмски продуцент кој во Република Северна Македонија вложил средства за реализација на игран или документарен или анимиран филм или ТВ филм или ТВ серија. Повратот на средства се врши по завршувањето на реализацијата на филмскиот, односно телевизискиот проект во Република Северна Македонија. За исполнување на условите за остварување на правото на поврат на средства одлучува Комисијата за право на поврат на средства, чии претседстел и членови се именувани од Владата на Република Северна Македонија.

ЗАВРШНА СМЕТКА НА АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ ЗА 2023 ГОДИНА

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија – Скопје како единка корисник на буџет има законска обврска завршната сметка поединечно за секоја трезорска сметка да ја достави до надлежните органи односно до ЦРМ, ДЗР, УЈП (Образец ДБ поднесен на 29.02.2024 г.) и Министерство за култура на Република Северна Македонија, како и да ја објави на својата веб страна во рок од 15 дена од доставување на истата до Регистарот на годишните сметки при Централен регистар на Република Северна Македонија.

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија – Скопје, на ден 29.02.2024 г.

Годишната сметка за 2023 година ја достави до Регистарот на годишните сметки при Централен регистар на Република Северна Македонија (Дописи бр. 05-410/2 за сметка 603, бр. 05-409/2 за сметка 787 и бр. 05-411/2  за сметка 785 од 29.02.2024 г.).

https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/izvrsham-upis-ili-zavrsham-obvrska/podnesi-godishna-smetka-i-finansiski-izveshtaj/godishna-smetka-khartieno-podnesuvanje?idV=8430

Преглед на прописи поврзани со обврската за поднесување на годишна сметка

  • Правилникот за формата и содржината на годишната сметка (“Сл. весник на РМ”, бр. 52/11, 174/11, 9/12, 60/14)
  • Правилник за форма, содржина и начин на пополнување на образец за распределба на остварени приходи по дејност СПД-рекапитулар (“Сл. весник на РМ”, бр. 02/08 и 13/12)
  • Правилник за посебни податоци потребни за системот на државна евиденција и за формата и содржината на образецот за државна евиденција (“Сл. весник на РМ”, бр. 101/14 и 9/16)
  • Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници (,„Сл. Весник на РМ“ бр.61/02, 98/02, 81/05, 24/11, 145/15 и 170/17)
  • Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/03, 62/06, 8/09, 175/11, 101/13)
  • Правилникот за обликот и содржината на билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 79/03, 74/05 и 109/05, 88/09, 175/11)
  • Законот за данок на личен доход (Сл.весник на РМ бр. 241/18),
  • Националната класификација на дејностите – NKD_Rev2 (,,Сл. Весник на РМ бр. 147/08, 4/13)

Документи:

Годишна сметка за 2023 година сметка на основен буџет 603

Годишна сметка за 2023 година сметка на буџет од самофинансирачки активности 787

Годишна сметка за 2023 година сметка на буџет на донации 785

ДБ Даночен биланс за 2023

ЗАВРШНА СМЕТКА НА АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ ЗА 2022 ГОДИНА

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија – Скопје како единка корисник на буџет има законска обврска завршната сметка поединечно за секоја трезорска сметка да ја достави до надлежните органи односно до ЦРМ, ДЗР, УЈП (Образец ДБ поднесен на 20.02.2023 г.) и Министерство за култура на Република Северна Македонија, како и да ја објави на својата веб страна во рок од 15 дена од доставување на истата до Регистарот на годишните сметки при Централен регистар на Република Северна Македонија.

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија – Скопје, на ден 28.02.2023 г.

Годишната сметка за 2022 година ја достави до Регистарот на годишните сметки при Централен регистар на Република Северна Македонија (Дописи бр. 05-410/2 за сметка 603, бр. 05-409/2 за сметка 787 и бр. 05-411/2  за сметка 785 од 28.02.2023 г.).

https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/izvrsham-upis-ili-zavrsham-obvrska/podnesi-godishna-smetka-i-finansiski-izveshtaj/godishna-smetka-khartieno-podnesuvanje?idV=8430

Преглед на прописи поврзани со обврската за поднесување на годишна сметка

  • Правилникот за формата и содржината на годишната сметка (“Сл. весник на РМ”, бр. 52/11, 174/11, 9/12, 60/14)
  • Правилник за форма, содржина и начин на пополнување на образец за распределба на остварени приходи по дејност СПД-рекапитулар (“Сл. весник на РМ”, бр. 02/08 и 13/12)
  • Правилник за посебни податоци потребни за системот на државна евиденција и за формата и содржината на образецот за државна евиденција (“Сл. весник на РМ”, бр. 101/14 и 9/16)
  • Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници (,„Сл. Весник на РМ“ бр.61/02, 98/02, 81/05, 24/11, 145/15 и 170/17)
  • Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/03, 62/06, 8/09, 175/11, 101/13)
  • Правилникот за обликот и содржината на билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 79/03, 74/05 и 109/05, 88/09, 175/11)
  • Законот за данок на личен доход (Сл.весник на РМ бр. 241/18),
  • Националната класификација на дејностите – NKD_Rev2 (,,Сл. Весник на РМ бр. 147/08, 4/13)

Документи:

Годишна сметка за 2022 година сметка на основен буџет 603

Годишна сметка за 2022 година сметка на буџет од самофинансирачки активности 787

Годишна сметка за 2021 година сметка на буџет на донации 785

ДБ Даночен биланс за 2022

ЗАВРШНА СМЕТКА НА АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ ЗА 2021 ГОДИНА

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија – Скопје како единка корисник на буџет има законска обврска завршната сметка поединечно за секоја трезорска сметка да ја достави до надлежните органи односно до ЦРМ, ДЗР, УЈП (Образец ДБ поднесен на 22.03.2022 г.) и Министерство за култура на Република Северна Македонија, како и да ја објави на својата веб страна во рок од 15 дена од доставување на истата до Регистарот на годишните сметки при Централен регистар на Република Северна Македонија.

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија – Скопје, на ден 10.03.2022 г.

Годишната сметка за 2021 година ја достави до Регистарот на годишните сметки при Централен регистар на Република Северна Македонија (Дописи бр. 05-420/2 за сметка 603, бр. 05-421/2 од 10.03.2022 г. за сметка 787, бр. 05-419/2 од 10.03.2022 г. за сметка 785).

https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/izvrsham-upis-ili-zavrsham-obvrska/podnesi-godishna-smetka-i-finansiski-izveshtaj/godishna-smetka-khartieno-podnesuvanje?idV=8430

Преглед на прописи поврзани со обврската за поднесување на годишна сметка

  • Правилникот за формата и содржината на годишната сметка (“Сл. весник на РМ”, бр. 52/11, 174/11, 9/12, 60/14)
  • Правилник за форма, содржина и начин на пополнување на образец за распределба на остварени приходи по дејност СПД-рекапитулар (“Сл. весник на РМ”, бр. 02/08 и 13/12)
  • Правилник за посебни податоци потребни за системот на државна евиденција и за формата и содржината на образецот за државна евиденција (“Сл. весник на РМ”, бр. 101/14 и 9/16)
  • Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници (,„Сл. Весник на РМ“ бр.61/02, 98/02, 81/05, 24/11, 145/15 и 170/17)
  • Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/03, 62/06, 8/09, 175/11, 101/13)
  • Правилникот за обликот и содржината на билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 79/03, 74/05 и 109/05, 88/09, 175/11)
  • Законот за данок на личен доход (Сл.весник на РМ бр. 241/18),
  • Националната класификација на дејностите – NKD_Rev2 (,,Сл. Весник на РМ бр. 147/08, 4/13)

Документи:

Годишна сметка за 2021 година сметка на основен буџет 603

Годишна сметка за 2021 година сметка на буџет од самофинансирачки активности 787

Годишна сметка за 2021 година сметка на буџет на донации 785

ЗАВРШНА СМЕТКА НА АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ ЗА 2020, 2019, 2018, 2017 И 2016 ГОДИНА

Заради обезбедување на поголема транспарентност во работењето на буџетите и буџетските корисници, односно за информирање на јавноста за состојбата на средствата, обврските, изворите на средствата, за остварените приходи и реализираните расходи на овие институции, се задолжија буџетите и буџетските корисници завршните сметки да ги објавуваат на својата веб страница во рок од 15 дена од доставувањето на истите до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар на Република Македонија. Буџетите и буџетските корисници имаат обврска завршните сметки освен до Централниот регистар да ги достават и до Државниот завод за ревизија.

Согласно член 29 став (2) на Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници (,„Сл. Весник на РМ“ бр.61/02, 98/02, 81/05, 24/11, 145/15 и 170/17), буџетите и буџетските корисници се должни завршните сметки да ги објават на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на доставување на завршните сметки до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.

Годишната сметка се изготвува врз основа на Правилникот за обликот и содржината на билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 79/03, 74/05 и 109/05, 88/09, 175/11 и 101/13) и Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/03, 62/06, 8/09, 175/11, 101/13).

Документи:

Годишна сметка за 2020 година сметка на основен буџет 603

Годишна сметка за 2020 година сметка на буџет од самофинансирачки активности 787

Годишна сметка за 2020 година сметка на буџет на донации 785


Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Годишната сметка за 2019 год до Централен Регистар на Република Северна Македонија ја достави на ден 25.02.2020 год со Дописи – достава на Годишна сметка за 2019 година бр. 05-343/3; 05-345/3 и 344/3.

Годишната сметка се изготвува врз основа на Правилникот за обликот и содржината на билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 79/03, 74/05 и 109/05, 88/09, 175/11 и 101/13) и Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/03, 62/06, 8/09, 175/11, 101/13).

УЈП извести дека единските корисници на буџетски средства за сите свои сметки доставуваат само еден даночен биланс – ДБ

http://e-submit.crm.com.mk/AAOL/informativni-sodrzini/zakonska-ramka

Документи:

Годишна сметка за 2019 година сметка на основен буџет 603

Годишна сметка за 2019 година сметка на буџет од самофинансирачки активности 787

Годишна сметка за 2019 година сметка на буџет на донации 785

ДБ Даночен биланс за 2019


Согласно Закон за изменување и дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“ бр.170 од 27.11.2017 год), буџетските корисници се должни завршните сметки да ги објават на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на доставување на завршните сметки до регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Годишната сметка за 2018 год до Централен Регистар на Република Северна Македонија ја достави на ден 28.02.2019 год со Допис бр.05-363/1 од 26.02.2019 год

https://www.crm.com.mk/DS/users/PInfoContent.aspx?CatID=53

Документи:

Годишна сметка за 2018 за сметка на основен буџет 603

Годишна сметка за 2018 за сметка од самофинансирачки активности 787

Годишна сметка за 2018 за сметка од донации 785

ДБ Даночен биланс за 2018


Врз основа на објавените измени и дополнувања на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници во Службен весник на РМ бр.170/2017 а кои влегоа во сила од 5 декември 2017 година, буџетите и буџетските корисници се должни завршните сметки да ги објават на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на доставување на завршните сметки до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар. Агенцијата за филм на Република Македонија, Годишната сметка за 2017 год до Централен Регистар на РМ ја достави на ден 28.02.2019 год со Допис бр.05-383/4; 05-387/4 и 389/4 од 27.02.2018 год

Документи:

Годишна сметка за 2017 година за сметка на основен буџет 603

Годишна сметка за 2017 година за сметка од самофинансирачки активности 787

Годишна сметка за 2017 година за сметка од донации 785

ДБ Даночен биланс за 2017


http://e-submit.crm.com.mk/AAOL/informativni-sodrzini/zakonska-ramka

Во Службен весник на РМ бр.170/2017 се објави измена и дополнување на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници. Новините во законот влегуваат во сила од 5 декември 2017 година.

Согласно измените буџетите и буџетските корисници се должни завршните сметки да ги објават на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на доставување на завршните сметки до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.

Буџетите и буџетските корисници се должни да ги објават завршните сметки за 2016 година на својата веб страна во рок од 15 дена од влегување во сила на законот, односно до 20 декември 2017 година.

  1. Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници (,„Сл. Весник на РМ“ бр.61/02, 98/02, 81/05, 24/11 и 145/15)
  2. Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/03, 62/06, 8/09, 175/11, 101/13)
  3. Правилникот за обликот и содржината на билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 79/03, 74/05 и 109/05, 88/09, 175/11)

Документи:

Годишна сметка за 2016 за сметка на основен буџет 603

Годишна сметка за 2016 год за сметка на буџет од самофинансирачки активности 787

Годишна сметказа 2016 за сметка на буџет на донации 785

ДБ составен дел на Годишна сметка 2016