Почитувани,
Врз основа на член 12 и член 13 од Законот за филмска дејност, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ги известува сите правни лица кои имаат законска обврска за плаќање надоместоци дека се должни да достават податоци за остварените приходи за 2025 година, кои претставуваат основа за утврдување на надоместоците.
Рок за доставување
Податоците задолжително треба да се достават најдоцна до 15 март 2026 година.
Начин и документација
Правните лица се должни да достават до архивата на Агенцијата:
- Образец 1 – достапен на официјалната веб-страница на Агенцијата за филм;
- СПД образец (Сметка за приходи и расходи / Биланс на успех), односно соодветен финансиски извештај за 2025 година.
Последици при недоставување
Доколку правните лица не ги достават наведените податоци во предвидениот рок, Агенцијата, согласно член 13 став (3) од Законот, ќе ја утврди висината на надоместокот врз основа на податоци добиени од Централниот регистар на Република Северна Македонија, при што:
- надоместокот ќе се пресмета врз основа на вкупниот годишен приход на правното лице;
- Агенцијата ќе донесе решение за утврдување на надоместокот по службена должност.
Дополнителна напомена
По донесувањето на решението, правните лица се должни во рок од 30 дена да го уплатат утврдениот надоместок на сметката на Агенцијата и во рок од 5 дена да достават доказ за извршената уплата.
Со ова известување Агенцијата укажува на важноста од навремено и точно исполнување на законската обврска, со цел непречено спроведување на постапката и избегнување дополнителни административни последици.
Со почит,
Агенција за филм
на Република Северна Македонија