Агенцијата за филм ја информира јавноста дека ревизијата за 2024 година спроведена од страна на Државниот завод за ревизија претставува ревизија по случаен избор, а не сеопфатна и целосна ревизија што овозможува донесување пресудни и генерализирачки оценки за работењето на институцијата.
Поради тоа, формулациите содржани во соопштението на ДЗР, особено насловот кој остава впечаток на конечна „осудувачка“ констатација, се несоодветни и не кореспондираат со природата на спроведената ревизија, ниту со ревизорските стандарди што важат во јавниот сектор.
Официјалната реакција можете да ја превземете од следниот ЛИНК