Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за филм и Бирото за развој на образованието

18/03/2026

Агенцијата за филм на РСМ и Бирото за развој на образованието потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува партнерство насочено кон унапредување на воспитно-образовниот процес преку примена на филмската уметност и аудиовизуелните медиуми.

Меморандумот го потпишаа директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, и директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска.

Соработката има за цел:

  • развој на филмската, медиумската и визуелната писменост кај учениците
  • интеграција на филмот како наставно и едукативно средство
  • поттикнување на креативно, критичко и аналитичко размислување
  • унапредување на компетенциите на наставниот кадар
  • промоција на македонската и европската кинематографија

Во рамки на партнерството се предвидени:

  • изработка на наставни и едукативни материјали
  • организација на филмски проекции проследени со дискусии и анализи
  • развој на едукативни филмски програми за ученици
  • реализација на обуки, работилници и семинари за наставници и ученици
  • поддршка на училишни филмски клубови и ученички аудиовизуелни проекти
  • иницирање на заеднички национални и меѓународни активности

Овој Меморандум претставува значаен чекор кон модернизација на образовниот процес и приближување на филмската уметност до младите, како и кон зајакнување на улогата на филмот како едукативна алатка.

Share This