К О Н К У Р С за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации за 2026 година

Врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 3/25), а во согласност со Правилникот за учество на Агенцијата за филм во финансирање на стручното и професионално усовршување на кадри во областа на филмот и поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации бр.01-1917/1 од 21.12.2018 година, Oдлука на Управен одбор бр. 02-404/6 од 06.03.2023 година и Одлука бр.02-745/2 од 12.04.2023 година, и Одлука донесена на седница на Управен одбор на 12.01.2026 г. Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:

К О Н К У Р С

за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации за 2026 година

I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа:

  • за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации

Конкурсот е отворен и трае во текот на цела година. Апликантите се должни Пријавата со прилог документацијата да ја достават најмалку 5 дена по прием на фактура за членството.

За секое барање се одлучува поединечно со Одлука на Управен одбор во рок од 60 дена од денот на поднесување на Пријавата, по претходно доставено Мислење од Филмскиот совет.

Подносителите на Пријавите прифатени на Конкурсот по добивање на Одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор.

Висина на учество на Агенцијата

Агенцијата за филм  ќе учествува во целост во финансирањето во котизацијата за  членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации, Изборот ќе се изврши во согласност со расположливите средства на Агенцијата за филм.

Начин на користење на доделените средства

Апликантите чии Пријави се одобрени на Конкурсот, односно корисниците на средствата, се должни доделените средства од Агенцијата за филм да ги трошат наменски и законски согласно позитивните прописи во Република Северна Македонија.

Корисниците се обврзани да достават наративен и финансиски извештај  со прилог документација за направени трошоци (фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

Начин на доставување на Пријави

Пријавувањето се врши со пополнување на Пријава по електронски пат преку системот е-Услуги со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата потребно е да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место од страна на управителот на правното лице.

Пријавите доставени по Конкурс нема да бидат рзгледувани и истите ќе бидат одбиени доколку

  • се некомплетни, ненавремени, се доставени од неовластено лице, содржат неточни и неразбирливи податоци;
  • не ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот

Дополнителни информации

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскиот број 02/3224-100 или на емаил адреса:  anita.stojcheska@filmagency.gov.mk;

*Изјавата може да се превземе од следниот ЛИНК

ПРИЈАВА ЗА ПОДДРШКА НА ЧЛЕНСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО МЕЃУНАРОДНИ ФИЛМСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Услови и право на учество

Право на учество имаат правни лица кои:

  • се непрофитни организации, здруженија на граѓани  кои се регистрирани за вршење на дејност од областа на филмската дејност во Централен Регистар  на Република Северна Македонија;
  • ja претставуваaт и афирмирaат македонската култура и кинематографија;
  • вршат промоција и заштита на техничките и уметничките квалитети на кинематографските вредности;
  • остваруваат соработка во полето на уметноста, културата, образованието и науката во согласност со принципите на ЕУ и УНЕСКО;
  • ја претставуваат и афирмираат македонската култура и кинематографија преку филмската критика;
  • учествуваат во креирање на законските регулативи во Европа кои се од посебен интерес за филмовите и филмската индустрија.

Правните лица може да се пријават за финансирање на целосна уплата на годишни членарини за членство во меѓународни филмски организации или асоцијации, во кои Република Северна Македонија се јавува како долгогодишна членка.