ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

13/01/2026

Агенцијата за филм на Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје

имаат чест да поканат носители на филмски проекти 

на средба и работилница на тема

КОПРОДУКЦИЈА

со реномираниот француски филмски продуцент

ПАСКАЛ ЈУДЕЛЕВИЌ

Претседател на “Аcajou Prоductions“ од Париз

Средбата со гостинот од Франција ќе се одржи

во вторник 27 јануари 2026, со почеток од 10 часот до 14 часот

во Агенцијата за филм – кино салата на Вардар филм

Адреса : ул. 8. март бр. 4 – Скопје 

Коктел 

Доколку сте во потрага по копродуценти за вашиот филмски проект, ве покануваме да се пријавите на оваа средба и работилница 

каде што реномираниот гостин од Франција ќе го разгледа претходно секој проект 

и на секој учесник ќе му даде соодветни совети и упаства.   

Ќе може да се пријавите на следните две електронски адреси со ваша кратка презентација и 

синопсис или опис на дејствија (тритмент) на проектот:

veronika.buchkovska@filmagency.gov.mk

culture@ifs.mk

Рокот за пријавување на ваше учество е до петок 23 јануари 2026.

Повикот се однесува на краткометражни и долгометражни играни и документарни филмови. 

Дополнителни информации може да добиете на : 02 3 118 503 

Средбата ќе се одвива на англиски јазик и по потреба со консекутивен превод.

Share This