Резултати од Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2026 година – прв рок

29/05/2026

Согласно Законот за филмска дејност, Управниот одбор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија на седница одржана на 28.05.2026 година ги донесе одлуките за прифатени проекти по Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година – прв рок.
Дополнително, за овој конкурс прв пат беше воведен модел на презентација (пичинг) на долгометражните филмови, при што апликантите имаа можност директно да ги претстават своите проекти пред стручната комисија, со цел поголема транспарентност и квалитет во одлучувањето.
За овогодишниот конкурс (прв рок) се обезбедени вкупно 93 милиони денари, наменети за поддршка на домашни и копродукциски филмски проекти од различни категории. Со оваа поддршка, Агенцијата за филм продолжува да го поттикнува развојот на македонската кинематографија, поддржувајќи автори, продукции и проекти со домашен и меѓународен потенцијал.
Проектите кои се прифатени по овој Конкурс се објавени во делот на Финансирани филмски проекти, а може да се преземат и во следниве формати: (docx) и (pdf).


Конкурсот е отворен во текот на целата година, а вториот рок за пријавување е до 03.08.2026 година. Сите детали се достапни тука.


Агенција за филм ги охрабрува сите филмски автори и продуценти да ги пријават своите проекти и да придонесат кон развојот на македонската кинематографија.

Share This