Продолжување на рокот за пријавување по Конкурсот за финансирање на филмски проекти
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, согласно член 25 од Законот за филмската дејност, во месец јануари 2025 година објави Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм, кој е сè уште во тек.
Имајќи предвид дека постапката за одлучување по пријавите поднесени во првиот рок сè уште трае, а со оглед на комплексната природа на процесот во кој се вклучени повеќе тела, Ве известуваме дека рокот за доставување пријави за вториот рок на одлучување се продолжува до 15 август 2025 година.
Сите заинтересирани апликанти може да ги достават своите пријави до наведениот датум.
Со почит,
Агенција за филм на Република Северна Македонија