Професионална средба и мастерклас „Помеѓу два филма – за одржување на филмска практика и градење соработки“

17/06/2026

Агенцијата за филм и Фестивалот на француски филм при Францускиот институт со задоволство ве покануваат на професионалната средба и мастерклас „Помеѓу два филма – за одржување на филмска практика и градење соработки“, која ќе се одржи на 19 јуни (петок), со почеток во 10:30 часот, во киното на Вардар Филм.
Настанот се реализира како соработка помеѓу Фестивалот на француски филм на Францускиот институт и Агенцијата за филм
.

Гости на фестивалот се режисерите Жилиен Колона, Тјери де Перети и Фредерик Фаручи, како и актерите Алекси Маненти и Андреа Коси, автори и соработници чии филмови во последните години се препознаени по силен авторски пристап, долгорочни креативни партнерства и развој на современи филмски јазици.

Низ разговор модериран од Деана Поповска и размена со публиката, гостите ќе споделат искуства за тоа како се гради континуитет во една филмска кариера и како се создава простор за нови проекти помеѓу два филма.

Средбата ќе отвори теми како создавање и одржување професионални соработки низ годините, како актерите стануваат сценаристи и коавтори на филмовите во кои играат, како се развива авторски јазик низ повеќе проекти, како се останува активен во професијата и се создаваат нови можности за континуитет во филмската кариера.

По средбата ќе следи кетеринг и време за неформален разговор и запознавање со гостите.

Настанот е наменет за режисери, актери, сценаристи, продуценти, студенти и сите заинтересирани за современото европско кино.

Потврдете го вашето присуство на contact@filmagency.gov.mk

Со задоволство ве очекуваме

Share This