Отворен повик за аплицирање во SEE Cinema Network 2026

17/06/2026

SEE Cinema Network го објави повикот за финансиска поддршка на долгометражни играни филмски проекти во развој. Како една од најзначајните регионални иницијативи во областа на кинематографијата, мрежата повеќе од две децении ја поттикнува соработката меѓу филмските професионалци од Југоисточна Европа и развојот на меѓународни копродукции.

Агенцијата за филм е членка на SEE Cinema Network, со што на македонските продуценти им се овозможува пристап до повиците на мрежата за копродукциски проекти реализирани во партнерство со најмалку една друга земја членка.

Право на учество имаат продуценти и продукциски компании од земјите членки на мрежата: Македонија, Албанија, Бугарија, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Романија и Србија. Поддршката е наменета за проекти што се развиваат како копродукции помеѓу најмалку две земји членки.

Краен рок за поднесување на апликациите е 15 септември 2026 година

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање:

  • Правила и услови: https://seecinemanetwork.eu/rules-regulations/
  • Повик за аплицирање: https://seecinemanetwork.eu/apply-for-funding/
  • Формулар за апликација: https://seecinemanetwork.eu/funding-form-2026/

Во изминатите години, поддршка од SEE Cinema Network добија и македонски проекти како „DJ Ahmet“ на режисерот Георги М. Унковски (Cinema Futura), „17“ на режисерката Косара Митиќ (Black Cat Production) и „Баладата за лонецот и капакот“ на режисерот Вардан Тозија (Minimal Collective), што ја потврдува важноста на оваа платформа за развојот на македонските филмски копродукции

Share This