Почитувани,
Ве потсетуваме дека, согласно член 39 од Законот за филмската дејност, корисниците на средства добиени од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија се должни средствата наменски да ги користат и во рок од 30 дена од завршувањето на проектот да достават наративен и финансиски извештај.
Обврската за известување го опфаќа и наменското трошење на средствата исплатени со последната рата, со што финансискиот извештај треба да ги опфати сите средства исплатени од Агенцијата за конкретниот проект, односно 100% од исплатените средства, со соодветна придружна документација.
Исплатата на последната рата не го ослободува корисникот од обврската за доставување извештај за нејзиното наменско трошење. До доставувањето на целосниот извештај, обврската на корисникот за известување за доделените средства ќе се смета за неисполнета.
Ве повикуваме навремено да ги исполнувате обврските утврдени со Законот и со склучениот договор, а доколку рокот за доставување на извештаите е веќе истечен, истите да ги доставите без одлагање.
Со почит,